Насловна / Вести / Научниците докажаа дека ножот на Тутанкамон потекнува од вселената

Научниците докажаа дека ножот на Тутанкамон потекнува од вселената

Во гробницата на кралот Тутанкамон, египетскиот фараон од 14-от век п.н.е., бил пронајден нож кој потекнува од вселената, соопштуваат научниците.tutankamon

Се работи за сечилото на ножот кој бил пронајден покрај мумијата на кралот, кое било направено од метеорит, објавуваат истражувачите од Политехничкиот универзитет во Милано, Универзитетот во Писа и Египетскиот музеј во Каиро.

Тимот од овие научници направил анализа со рендгенски зраци и ги објавил своите резултати во списанието „Meteoritics and planetary science“. Археологот Хауард Картер ја откри гробницата на Тутанкамон во 1922 година. Три години подоцна, два ножа, еден железен и еден златен, биле пронајдени покрај неговата мумија.тутанкамон нож

Технологијата денес овозможила научниците да докажат дека сечилото на едниот нож е направено од метеорит.

Ножот на фараонот содржи 11% никел, што е речиси трипати повеќе од количеството пронајдено во другите артефакти направени од железо. Освен тоа, тоа содржи остатоци од кобалт кои одговараат на оние од метеоритите.

Испрати коментар

Scroll To Top