--> -->
-->
Насловна / Вести / Научници направиле носив бетон од шут од градилиште со 61% помалку CO2

Научници направиле носив бетон од шут од градилиште со 61% помалку CO2

Истражувачи од САД и Бразил пронашле начин како да го искорисат отпадниот бетон од градилиштата и да го претворат во нов бетон кој може да се користи не само за неносиви елементи туку и за носечки конструкции, што е голема иновација.

Проблемот со рециклирањето на бетонот, како што објаснуваат истражувачите од Универзитетот Принстон и Универзитетот во Сао Паоло (USP), е во тоа што новиот бетон добиен во тој процес нема задоволителна носивост. Се до сега!

Со термоактивирање до зелен и силен бетон

Научниците користеле отпаден бетон од градилиштата и го сомлеле во ситен прав. Потоа го печеле на 500 °C, што е околу една третина од температурата потребна за создавање на конвенционален цемент. Откриле дека оваа температура е доволно висока за да го дехидрира цементниот прав, но не толку висока за да ги уништи карбонатните компоненти што ги содржи бетонот, а што би предизвикало отпуштање на CO2.

Сепак, кога го користеле добиениот нов „термоактивиран“ цемент за правење нов бетон, откриле дека тој нема задоволителна цврстина на притисок бидејќи е попорозен од обичниот бетон. Истражувачите откриле дека решението е во додавање околу 20% фино мелен свеж портланд цемент.

На овој начин се пополниле порите и се создал производ кој одговара на актуелните индустриски стандарди. „Како што се покажа досега, доколку се користи само термоактивиран рециклиран цемент, перформансите не беа доволно добри за овој бетон да биде прифатен како замена. Со оптимизирање на комбинацијата на честички во микроструктурата на материјалот, добиваме нешто што се однесува многу слично на портланд цементот“, вели коавторката на студијата Клер Вајт од Принстон.

Кружен економски модел во производството на бетон

Научниците веруваат дека новиот материјал може да ги намали емисиите на CO2 во цементната индустрија за дури 61%. Тие исто така додаваат и дека нивниот цемент произведува помеѓу 198 и 320 килограми јаглерод диоксид по метрички тон, што резултира со емисии кои се до 40% пониски од емисиите на цемент од варовник и глина, кои се комерцијално достапни алтернативи со ниска содржина на јаглерод.

„Градежниот отпад обично завршува на депонија или, доколку се рециклира, се користи за неносиви елементи како тротоарите и слично. Возбудливо е да се покаже дека всушност можеме да го рециклираме овој отпаден цемент во примена со висок квалитет“, вели водачот на истражувањето Серџо Ангуло од USP.

Научниот тим ја гледа нивната тестирана техника како дел од кружен економски модел во производството на бетон, во кој стариот бетон се собира, третира и користи за изградба на нови бетонски елементи. Меѓутоа, истражувачите исто така напоменуваат и дека е потребно да се размисли за подобрување на градежните практики и промена на начинот на сортирање на градежниот отпад по уривањето за да се направи оваа техника што е можно поефикасна.

Испрати коментар

Scroll To Top