Насловна / Вести / Научници бараат светските лидери да спречат понатамошно уништување на шумите

Научници бараат светските лидери да спречат понатамошно уништување на шумите

Научници им пишаа на лидерите на ЕУ, Америка, Јапонија и Јужна Кореја со барање да престанат со практиката на користење дрво за добивање енергија во електрани и индустриски постројки.

sumi1

Стапката на уништување на шумите значително се забрза во последните неколку години, а светот сега во секоја секунда губи шума со површина на фудбалско игралиште. Причините за ова влошување се многубројни, но интересно е тоа што субвенциите од некои од најразвиените земји во светот, кои го сметаат согорувањето на биомасата како обновлив извор на енергија, исто така придонесуваат за овој негативен тренд.

Земјите ја охрабруваат употребата на дрво во електраните и големите индустриски постројки како дел од пакетот мерки за борба против климатските промени, но научниците со отворено писмо предупредуваат дека со тоа се ослободуваат големи количини на јаглерод диоксид и се загрозува биолошката разновидност како резултат на силното уништување на шумите за да се обезбеди гориво.

sumi2

Научниците во писмото наведуваат дека согорувањето дрво за енергија има многу неповолно влијание врз климатските промени. Причините за ова се што во процесот на производство на гориво, често се губи повеќе од половина од масата на живо дрво, што враќа голема количина јаглерод во атмосферата, дури и пред да се добие енергија.

Покрај тоа, согорувањето дрво е неефикасно од гледна точка на климатските промени затоа што се ослободува повеќе јаглерод диоксид од фосилните горива за да се добие иста количина на енергија, пишува Клима 101.

Во писмото, исто така, се наведува дека постои добра практика во светот подолго време да се користи отпадна биомаса за енергија, но во последно време, големите здрави шуми се почесто се сечат за да се добие гориво, а тоа не може да се смета за одржливо.

sumi

Поразителен факт е дека на ниво на Европската унија годишно се издвојуваат дури седум милијарди евра за субвенции кои поттикнуваат употреба на дрво за енергија.

Со ова писмо, научниците се надеваат дека ќе можат да влијаат на лидерите на големите земји да ја запрат оваа штетна практика и да престанат да го охрабруваат уништувањето на шумите за да добијат енергија, што придонесува за климатските промени и го уништува биодиверзитетот, сето тоа како дел од мерките што треба да придонесат за запирање на глобалното затоплување .

Испрати коментар

Scroll To Top