Насловна / Вести / Научна конференција за аерозагадување во Тетово

Научна конференција за аерозагадување во Тетово

Tetovo-konferencija za aerozagaduvanje

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на 30.10.2017, во организација на НВО Еко Свест од Скопје, ќе се  одржи втората по ред научна конференција на тема аерозагадување. „Аерозагадувањето е директно поврзано со климатските промени кои се причина за екстремните временски услови со кои е соочен светот. Токсичните материи во воздухот се водечка причина за климатските промени. На глобално ниво, аерозагадувањето е причина за 36% смртни случаи од рак на белите дробови, 34% смртни случаи од инфаркти, 27% смртни случаи од срцеви заболувања.

 

Tetovo-aerozagaduvanje

Жителите на градовите во нашата земја дишат загаден воздух и секојдневно се изложени на сите опасности кои ги носи загадениот воздух“ велат од Еко Свест во поканата за настанот, чие присуство е бесплатно и отворено за јавноста.

Конференцијата е дел од проектот “City Tree за заштита на климата”, спроведуван од Еко-свест и финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top