Денес и утре (20 и 21 април) со почеток во 10 часот, во просториите на МАНУ, Македонската академија на науките и уметностите и Балканскиот институт за вера и култура организираат научната конференција со наслов „Библијата и книжевноста“.
Поздравни обраќања при отворањето на конференцијата ќе одржат академик Таки Фити, претседател на МАНУ и академик Катица Ќулавкова, раководител на Проектот.