Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во склоп на својата иницијатива „Нуклеарна технологија за контролирање на загадувањето со пластика“ (NUTEC Plastics), испратила експедиција која треба да го истражи присуството и распространетоста на микропластика на најјужниот континент, Антарктик. Преку мрежа на лаборатории за следење на пластиката, NUTEC Plastics користи нуклеарни и изотопски техники за добивање на податоци за распространетоста на микропластиката во морето, како и за земање на примероци и анализа на зачестеноста на микропластиката во животната средина.
Експедицијата е организирана во соработка со Аргентина, а истражувањето ќе се спроведува на територијата на Антартик на која таа држава полага право. Двајца стручњаци од IAEA, во наредниот период од еден месец, ќе го мерат присуството на микропластика на 22 локации на Антарктикот во близина на истражувачката база Карлина. Истражувачите ќе земат примероци од морската вода од 12 локации, седименти на четири места и по три примероци од езерата. Исто така, ќе се мери и присуството на микропластика во организмите на животните – собраните школки и полжави и сл.