Шведската компанија Northvolt неодамна ја претстави својата натриум – јонска батерија, како ново модерно решение. Посигурна, посиплатлива и поодржлива од конвенционалните, бидејќи не содржи литиум, никел, манган ниту кобалт, и се произведува од суровини кои на глобалниот пазар ги има во изобилство. Оваа батерија има тврда јаглеродна анода и катода од амтеријал кој се нарекува приуска бела. Тој се произведува од лесно достапни суровини, вклучувајќи натриум и железо.
Новата батерија има значително понизок јаглероден отпечаток, кој е речиси десет пати помал од оној на конвенционалните. За разлика од литиумот, натриумот е еден од најдостапните и географски најраспространети ресурси на Земјата. Затоа е и многу ефтин. Од друга страна, покрај високата цена која ја има, копањето на литиумот правис ериозни штети по животната средина. Во компанијата истакнуваат дека натриум – јонските батерии можат да издржат три пати поголема изложеност ан топлина, што ги прави посебно атрактивни за пазарите како Индија, Африка и Блискиот Исток.