Насловна / Вести / National Geographic објaви листа на дестинации за најдобро патување во 2021 година

National Geographic објaви листа на дестинации за најдобро патување во 2021 година

National Geographic направи листа нa дестинации за најдобро патување во следната година.  Станува збор за патувања кои се одржливи и погодни за семејства, како и места богати со природа и култура.  Содржи 25 дестинации кои се избрани од страна на меѓународни уреднички тимови.  Сите тие се поделени во пет категории – одржливост, семејство, авантура, природа и култура. Како места за одржливо патување наведени се: Alonissos во Грција, Копенхаген, француска Нова Каледонија, Фрајбург, Габон и Денвер.  За семејни патувања се препорачуваат: England Coastal Path, Трансилванија, Space Coast на Флорида, Hortobagy во Унгарија, Indigenous British Columbiа во Канада. На листата авантуристички дестинации се најдоа: Доминиканска Република, Сванети во Грузија, Националниот парк Los Glaciares во Аргентина, Националниот парк и резерват Katmai на Алјаска. Како локации богати со природа, а кои се нјадобри за патување во 2021 година, се: Isle Royal во Мичиген, Yellowknife во Канада, Cerrado во Бразил и  Lord Howe Island во Австралија. За оние кои сакаат култура и историја,  National Geographic ги преорачува: Guam во Ново Мексико, Bitoria-Gasteiz во Шпанија, Gyeongju во Јужна Кореја, Тулса во Оклахома и Tonglu во кинеската провинција Zhejiang.

NG1

NG2

Испрати коментар

Scroll To Top