Насловна / Екологија / Наталитетот, депониите и загадувањето го убиваат човештвото

Наталитетот, депониите и загадувањето го убиваат човештвото

natural resources poster
До крајот на векот Земјата ќе стане пренаселена и човештвото можеби ќе мора да премине на кинескиот систем „едно семејство – едно дете“, укажуваат австралиските научници од Универзитетот во Аделаида. Тие прогнозираат дека на човештвото му се закануваат глад и војни. Природните ресурси тешко можат да нахранат толкав број луѓе – тврдат научниците. Човештвото со огромна брзина ги користи фосилните горива чии резерви се создавале во текот на милиони години, односно веќе е помината црвената линија.

Понатаму, луѓето трошат намирници и производи кои не го поминале својот животен циклус и создаваат околу себе огромни депонии. Веќе до крајот на 21 век, бројноста на жителите на планетата може да се зголеми од седум на дури десет милијарди. Интересно е дека во азиските земји, каде претходно наталитетот бил висок, сега се забележува пад, додека во европските земји ситуацијата е обратна. Експертите сè почесто зборуваат за неможноста за контрола на порастот на светската популација. Предупредувањето од австралиските научници би можело да иницира барање на решенија како да се избегне борбата за „последното парче леб“.

Испрати коментар

Scroll To Top