Насловна / Архитектура / Настрада и културното наследство во Турција и Сирија

Настрада и културното наследство во Турција и Сирија

Тврдини, замоци, музеи, цркви, џамии и други историски и културни објекти и знаменитости се уништени во земјотресот во Турција и Сирија.

00

замокот Газиантеп 

„Artnews“, „CNN“, „European Heritage Tribune“ и бројни други медиуми објавија дека меѓу многуте оштетени објекти има и два важни локалитета кои прилично настрадале – замокот Газиантеп во Турција и Цитаделата во Алепо, Сирија. Турскиот замок чекаше да биде додаден на списокот на светско наследство на УНЕСКО, додека сириската тврдина е на листата од 1986 година.

000

замокот Газиантеп 

Некои од источните, јужните и југоисточните бедеми на замокот Газиантеп се уништени, на некои делови се видливи големи пукнатини, додека железната ограда е скршена, како што објави турската агенција Анадолу. Овој објект, кој во денешно време служи како музеј, е изграден за време на Хетитската империја, во вториот милениум п.н.е.

dz

џамија Yeni Cami во Malaty

Делумно во земјотресот се урна и историската џамија Yeni Cami во Malaty, Турција, која вообичаено ја нарекуваат Нова џамија, беше обновена и пуштена во употреба минатата година. Џамијата е изградена помеѓу 1597 и 1663 година.

ал

Цитаделата во Алепо

Генералниот директорат за антиквитети во Сирија потврди дека се забележани пукнатини на Цитаделата во Алепо и дека е испратен тим за да се утврди точниот обем на штетата. Оваа голема средновековна утврдена палата во центарот на стариот дел на Алепо се смета за една од најстарите и најголемите такви градби во светот. Забележано е дека е користена уште во третиот милениум пред нашата ера, а поради оштетувањата што настанале за време на граѓанската војна во Сирија во 2012 година, во меѓувреме во голема мера е обновена.

Како последица на разорниот потрес урната е и Латинската католичка црква во Искендер во Турција.

02

Латинската католичка црква во Искендер

По овие медиумски написи, УНЕСКО излезе со соопштение во кое се вели дека е регистрирана штета на уште еден локалитет кој се наоѓа на списокот на светско наследство на оваа организација – станува збор за утврдувањето во турскиот град Дијарбакир и за градините Хевсел во близина на утврдувањето.

allll

Цитаделата во Алепо

Се додава дека постои голема загриженост за ситуацијата во Алепо во Сирија, дека најверојатно се загрозени уште три локалитети од листата на УНЕСКО и дека тие ќе ја дадат потребната помош. Според зборовите на Одри Азулеј, директорка на УНЕСКО, мобилизирани се експерти кои ќе направат прецизен попис на штетите со цел што поскоро да се обезбедат и стабилизираат овие локалитети.

Испрати коментар

Scroll To Top