Насловна / Вести / “Наслојување на атмосфери” од Иоана Спану

“Наслојување на атмосфери” од Иоана Спану

Не сум ја посетила Dark Line, никогаш не сум била во Тајван. Сепак, нешто ме привлекува да размислувам за тој проект… И секогаш размислувам за тоа како ќе се чувствувам при посетата. Ова континуирано движење помеѓу емоциите и толкувањата активира низа мисли кои би можеле да се сумираат во една единствена концептуализација на Темната линија како низа од испреплетени атмосфери. Линијата во истовреме претставува и игла и конец во таа низа.

1 2

Јас се осврнувам на атмосферата како резултат на предрефлексивна, сè уште неартикулирана, самосвест што ја активира состојбата на физичката свесност. Атмосферата го задржува вниманието и ја заснова перцепцијата на одредено место во одредено време.

Верувам дека во случајот на Dark Line, физичката свесност се активира со деликатноста на проектот и инсинуирање наместо со афирмирање на примарната метафора: железницата, преку конфигурација на отелотворено искуство што го враќа значењето на оваа примарна метафора во различни размери на толкувањето.

8 7 6

Во голем дел, железницата е линија која поврзува различни места низ пејзажот. Ова е она што се случува во овој проект: Темната линија нè води преку континуиран низ на простори. Нè води истовремено, низ и покрај: во своето патување, линијата го означува движењето и погледот низ различните епизоди на пејзажот.

11 15

Од перспектива на корисник, линијата исто така ја нагласува атмосферата на поединечните структури еволуирајќи ја дводимензионалноста во волумен кој прегрнува. Делот сега формира основен просторен образец, кој се превиткува и се расплетува за да се приспособи и прилагоди на особеностите на пејзажот со кој се соочува.

Искреноста на материјалноста (на металот), поврзува со примарната метафора, шината, преку нејзиниот минимален израз, профилите, умножени до бесконечност. Целовитоста е постигната. Одеднаш сè добива смисла, на сите размери истовремено. Железницата станува просторна и материјална метафора.

 

Овој конкретен просторен наратив користи правила кои произлегуваат и од дискурзивната и од присутната симболика. Користејќи ја дефиницијата на Сузана Лангер (Лангер 1985:102):

„Значењата дадени преку архитектонскиот јазикот сукцесивно се разбираат и се здружуваат во една целина преку процесот наречен дискурс… значењата на останатите симболички елементи кои сочинуваат еден поширок артикулиран симбол се разбираат само преку значењето на целината, преку преку нивниот однос во рамките на вкупната структура. Самото нивно функционирање како симбол зависи од тоа што се вклучени во симултана и интегрална презентација. Овој тип на семантика може да се нарече „симболизам на присуството“.

Темната линија има смисла истовремено преку низата места што ги поврзува, како во дискурсот, и преку отелотвореното искуство што е конфигурирано во местото, како во симултана, така и низ интегрална презентација. Логичкото, метафоричното и отелотворените значења се испреплетени и проектот ги држи во постојана тензија.

5 10

На другиот крај на линијата, низа „пунктуални знаци“ го активираат перцептивното внимание. Променливото растојание помеѓу профилите обезбедува сигурност, но исто така не потсетува на растојанието до карпестата структура истакнувајќи го чувството на лебдење на карпата, водните огледала како средство за обезбедување светлина, рефлексија и мултипликација на околината и акцентирањето на нивното присуство. Вака внимателно оркестрираните слики на крајот од тунелите, и овозможуваат на темнината манипулација со она што се гледа и што се очекува.

Овие проектни гестови ги одржуваат сетилата будни, нагласувајќи ги уште еднаш примарните својства на дождовната патека како таква втисната на суштинските својства на пејзажот. Така, линијата е исткаена со пејсажот, профил по профил, во селективен чин на интеграција со начините за селективно прилагодување, означување и зголемување на својствата на пејзажот.

Испрати коментар

Scroll To Top