Насловна / Вести / Наследникот на Bugatti Chiron со хибриден погон, ќе биде лансиран на 20-ти јуни

Наследникот на Bugatti Chiron со хибриден погон, ќе биде лансиран на 20-ти јуни

Bugatti го потврди официјалниот датум на доаѓањето на наследникот на Chiron. Така, новиот хиперавтомобил ќе биде претставен на 20-ти јуни, а ќе биде погонуван од V16 хибриден мотор.

Оваа година, Bugatti означи крај на една ера, со престанокот на производството на Chiron. Последниот примерок на егзотичниот модел лансиран во 2016 година е произведен пред околу две недели. V16 хибридниот мотор на новиот модел ќе развива моќност од 1.800hp. Забрзувањето до 100km/h се постигнува за две секунди, а до 200km/h за помалку од 5 секунди. максималната брзина ќе биде ограничена на 446km/h. Испораките ќе започнат најрано во 2026 година, а производството ќе биде ограничено на само 250 примероци.

Испрати коментар

Scroll To Top