Насловна / Вести / Наскоро прва централа на биогас од градски отпад во Подгорица

Наскоро прва централа на биогас од градски отпад во Подгорица

Podgorica selekcija na otpad deponija

Подгорица и Црна Гора наскоро ќе ја добијат првата електрична централа на биогас, каде од отпад ќе се произведува електрична енергија. Проектот го реализира градското комунално претпријатие „Депонија“. Се работи за едно од најорганизираните претпријатија во Подгорица кое вработува околу 150 луѓе и се занимава со изградба, користење и одржување на депонии за комунален отпад, рециклирање на метални и неметални отпадоци, како и со трговија со секундарни суровини.

Podgorica selekcija na otpad

Најавениот амбициозен проект ќе биде реализиран во форма на јавно приватно партнерство, а компанијата партнер ќе биде избрана на тендер кој треба да се објави наскоро со оглед на фактот што целокупната техничка односно проектна документација е веќе подготвена. Вредноста на оваа инвестиција е проценета на два милиони евра, а когенеративната постројка истовремено ќе произведува електрична и топлинска енергија. Доколку се запазат сите предвидени рокови, се очекува објектот да биде во функција до крајот на оваа година. Се работи за прв проект од ваков вид во Црна Гора, додека во регионот ваква постројка има само во Словенија.

municipal waste

 

Испрати коментар

Scroll To Top