Работите на изградбата на големиот канал низ Никарагва, кој треба да конкурира на Панамскиот канал, ќе почннат во декември со изградбата на пристаниште на западниот, тихоокенаскиот брег на Никарагва, соопштија официјални лица од таа држава.
Овој проект вреден 40 милијарди долари кој ќе ги поврзе Карипското море и Тихиот океан е доделен на кинеската компанија HK Nikaragva development, пренесува агенцијата Франс прес
„Повеќе од 1.000 стручњаци од неколку земји во светот во овој момент работат на студиите и го проценуваат влијанието на каналот врз животната средина“, изјави клучниот советник во изградбата на тој пороект, Телемако Талавера.