Насловна / Екологија / Наскоро ќе стартува кампањата „Green key“ во Црна Гора

Наскоро ќе стартува кампањата „Green key“ во Црна Гора

green key
Кампањата „Green key“, која наскоро ќе биде воведена во Црна Гора, укажува на квалитетот на услугите и односот кон животната средина во туристичките објекти – хотели и кампови. Се работи за програма која е пандан на „Синото знаме“ за плажите. Целта е подигање на свеста кај клиентите, персоналот и сопствениците за потребата од заштита на животната средина и популаризација на одржливиот развој. Почетоците на овој концепт датираат од 1994 година и за првпат се појавува во Данска.

Програмата „Green key“ има четири цели кои настојува да ги оствари, а тоа се едукација на сопствениците, персоналот, клиентите и другите засегнати страни за заштита на животната средина и одржливиот развој, потоа да се намали влијанието на сместувачките капацитети на околината, остварување на економска добивка преку намалување на потрошувачката и маркетиншко промовирање на објектот односно популаризација на еколошката маркичка.

„Green key“ се доделува за една година во текот на која се врши најмалку еден аудит односно инспекција.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top