Насловна / Вести / Наскоро ќе почне покривањето на булевар „Гоце Делчев“

Наскоро ќе почне покривањето на булевар „Гоце Делчев“

mkd-139756

За неколку месеци ќе биде позната компанијата што ќе ја изведува втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендер-бег“.
Основниот проект за оваа етапа е веќе завршен, а повикот за изведувач се очекува да биде распишан во текот на наредните денови. Во оваа фаза ќе се гради плато со кое ќе се премости булеварот „Гоце Делчев“. Тоа ќе биде пешачка врска меѓу Старата чаршија и објектот на Македонската опера и балет, а булеварот ќе биде покриен. Рокот за изградба е една година.

DSC00012_zpsdd790232
Вкупната површина на плоштадот „Скендер-бег“ е 28.674 квадратни метри. Планирана е фонтана, уредување на просторот со урбана опрема, клупи и амфитеатар пред Даут-пашиниот амам. Дел од плоштадот ќе биде хортикултурно среден, а преостанатиот ќе се поплочува.
Предвидено е во последната етапа да се изгради и подземен паркинг на две нивоа, со што ќе се реши проблемот со паркирање во кругот на скопската чаршија.
Идејното решение за плоштадот „Скендер-бег“ е на бирото „Архинг Груп“.
Првата фаза од овој проект, платото над комплексот дуќани на улицата Казанџиска во склоп на чаршијата, е веќе готов.

Испрати коментар

Scroll To Top