Насловна / Вести / Наскоро импресивниот градежен подвиг, мостот HKZM во Кина

Наскоро импресивниот градежен подвиг, мостот HKZM во Кина

Кинеските власти објавија дека мостот долг 55 километри помеѓу Хонг Конг , кинеската страна и Макао е на вистинскиот пат да се отвори и покрај загриженоста дека делови од структурата биле измиени од морето.
Одделот за автопати на Хонг Конг ги отфрли тврдења дека бетонските блокови кои го штитат вештачкиот остров што ја поврзува Хонгконгшката страна од мостот со тунелот, биле оштетени од брановите.

6
Импресивниот градежен подвиг, мостот наречен Hong Kong-Zhuhai-Macau (HKZM) се состои од три мостови со кабли, три вештачки острови и еден подводнен тунел и се протега 55 километри низ каналот Lingdingyang. Трасата ги поврзува Хонг Конг, Жухај и коцкарската енклава Макао, пресекувајќи ја трасата на делтата на Бисерна реката.

most 4
Делницата на мостот HKZM од 29 километри ќе биде една од најдолгите мостови во светот.
Откако ќе се отвори, мостот со шест ленти, ќе го намали времето на патување помеѓу Хонг Конг и Макао од четири часа на еден час.
Мостот HKZM беше завршен во ноември 2017 година и треба да се отвори за сообраќај пред 1 јули 2018 година.
По извештаите дека вештачкиот остров бил оштетен, властите одржаа прес-конференција за да ја убедат јавноста дека проектот функционира како што е планирано.

11
“Нема ништо што можеме да забележиме дека е оштетено”, изјави директорот на автопатите Даниел Чунг за време на брифингот.
“Островот е во иста состојба како што беше кога е изведен, всушност иста како кога беше завршен пред една година”.
Загриженоста првично беше покрената во мај 2017 година, кога објавените фотографии изгледале дека покажуваат како многу од бетонските блокови се целосно потопени во море.

5
Шпекулациите за структурниот интегритет на мостот повторно се зголемија овој април, кога сликите преземени од локален ентузијаст на беспилотни летала и објавени на Фејсбук наводно покажале слична состојба.
Поради наведените шпекулации, кинеската влада девет годин од отпочнување на изградбата во април годинава ја организираше првата посета на медиумите за да се покаже она што е досега изградено. Властите очекуваат дека мостот ќе биде во употреба наредните 120 години и дека покрај скратенето време на патување ќе биде и голем економски подстрек.

1
Агенцијата Синхуа пренесува дека се вградени 420.000 тони челик, односно онолку колку е потребно да се изградат 60 Ајфелови кули.
Гао Синглин, менаџер на проектот, вели дека изградбата на 6.7 километри долгиот подводен тунел им задавала највеќе мака. „Имаше многу непроспиени ноќи, бидејќи изградбата на тунелот беше исклучително напорна и стресна. Поврзување под море на цевки тешки 80.000 тони беше најголемиот предизвик“, потенцира Синглин.
Вкупната цена на проектот, кој ги вклучува мостот, подводниот тунел, вештачките острови и сите сообраќајници се проценува на 15 милијарди долари.
Мостот има една посебна одлика, возачите преку еден негов дел ќе возат од десна страна, додека на другиот дел ќе треба да се префрлат на лева. Брзината е ограничена на 100 километри на час, а одлучено е дека возилата на „кинескиот“ дел ќе возат десно, а ќе се префрлат на лева страна кога ќе преминат на делот на Хонг Конг и Макао, поради сообраќајните правила во градовите наследени од времето на британскиот колонијализам.

Испрати коментар

Scroll To Top