Насловна / Вести / Наскоро еко – дозволи за возење низ Загреб!?

Наскоро еко – дозволи за возење низ Загреб!?

Паметните решенија за одржлив развој на градовите беа главна тема на четвртата меѓународна конференција „Smart Cities”, одржана на 17.04.2018 на Загребскиот велесаем. Град Загреб притоа го најави проектот кој има за цел намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот, а кој се состои во воведување на задолжително годишно чистење на внатрешноста на моторите на сите видови возила. Се проценува дека оваа мерка ќе ја намали емисијата на штетни гасови од возилата за 30%. Истовремено, с етврди дека и потрошувачката на гоиво ќе се намали за 20%.  Чистењето би чинело 150 куни, по што ќе се издаде налепница со која возилото ќе може да сообраќа низ градот. Оваа мерка с епланира најпрво да се примени кај возилата од јавниот превоз како и возилата на градските служби. Покрај тоа, најавена е и модернизација на јавното осветлување во Загреб, односно воведување на ЛЕД осветлување, со што би се намалила потрошувачката на енергија за дури 60%. Проектот  ќе се финансира од европските фондови кои ќе покријат 90% од вредноста на инвестицијата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top