Насловна / Архитектура / Населбата „11 Октомври“: Во чест на празникот и врвните архитектици

Населбата „11 Октомври“: Во чест на празникот и врвните архитектици

Во периодот на обновата на постземјотресно Скопје Заводот за станбено – комунално стопанисување на главниот град преку брошури издадени во 1968 година ги архивирал и презентирал пред јавноста, големите тековни архитектонско урбанистички интервенции.

1О

По поводот денешниот празник 11 Октомври  – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашизмот, ги презентираме станбените згради во населбата „11 Октомври“, која го носи името во чест на овој голем празник.

2О

Со Основниот урбанистички план за Град Скопје, територијата на Општина Кисела Вода, предвидена е покрај некои витални градски функции да содржи и комплетни станбени единици се вели во брошурата на Заводот.

Во тогаш веќе постојната населба „11 Октомври“, од левата страна лоцирани се две згради тип „Б“ – Пелагонија. Проектанти се архитектите од бирото при ГП „Пелагонја“: Љубинка Маленкова, Вера Ќосевска и Гранка Златковиќ.

тип „Б“

Б1 Б2

Секој објект содржи 96 станови или вкупно 192 стана, од кои три гарсониери, три трособни станови и 90 двособни.

Објектите се приземје, седум ката и поткровје. Проектирани се 69 подземни гаражи што во однос на бројот на становите изнесува 36 %. Пристап до гаражите е обезбеден од една рампа за двете станбени згради.

Б3 Б4

Сите станови се решавани со издвојување на просторите за дневен престој од делот за спиење, со доволен број балконии лоѓии и со врска меѓу дневната соба и кујната, се вели во брошурата.

Б5 Б6 Б7

тип „А“

Во населбата „11 Октомври“ лоциран е уште еден станбен објект, тип „А“ – Пелагонија, со 132 стана од кои 36 еднособни станови, двособни и трособни станови по 48.

А1

Објектот е приземје, седум ката и поткровје. Проектирани се 48 подземни гаражи што во однос на бројот на становите изнесува 36.4 %. И овој објект е проектиран од славниот тим на познатите проектантки од бирото на „Пелагонија“.

А2 А3

Објектите се изведени од страна на ГП „Пелагонија“ со сите потребни приклучоци на инсталациите, со пристапни патеки и партерно уредување на теренот.

А4 А5 А6 А7 А8 А9

Испрати коментар

Scroll To Top