Насловна / Архитектура / Населба во близина на Софија, една од најпосакуваните локации за живеење во Бугарија

Населба во близина на Софија, една од најпосакуваните локации за живеење во Бугарија

Резиденцијалниот парк Лозен е една од најамбициозните и најекспанзивните станбени иницијативи во Развиен од бугарската филијала на германската компанија Lindner Group во соработка со софиското студио IPA – Architecture and more, проектот станал една од најпосакуваните локации за живеење во земјата.

Основната идеја околу која е развиен концептот е да се поддржи независноста на секоја станбена единица, а истовремено да се негува чувството на заедница и да се промовира мирен соживот меѓу жителите. Со локација во непосредна близина на селото Лозен и со лесен пристап до главниот град, комплексот нуди затворен тип на заедница, велат архитектите.

Оваа приградска населба планирана е на начин да им понуди на станарите рановидни опции на станбени единици. Постојат три главни типа на станбени структури, секоја со карактеристичен распоред и квадратура за да се задоволат различните барања и очекувања на идните станари.

Проектот на резиденцијалниот парк Лозен е исто така фокусиран на неговиот буен природен амбиент. Проектот го интегрира урбанистичкото планирање со околниот пејзаж за да создаде хармоничен простор за живеење, велат архитектите.

20 отсто под објекти

Становите зафаќаат само околу 20 отсто од предметното земјиште, додека остатокот е под отворени простори проектирани да им понудат на станарите приватни дворови за поинтимни собири, како и пространи јавни површини за развој на духот на заедништво.

Заедничките површини се проектирани на начин да потсетуваат на уредени паркови, можат да се видат и области за спорт, рекреација и детски игри.

Интерните патишта се исто така вклучени во проектот за да се обезбеди непречено движење на автомобилите, велосипедистите и пешаците.

Како што објаснуваат архитектите, екстериерите на куќите се карактеризираат со употреба на различни бои на фасадите. Овие бои, инспирирани од тоновите на природата, се вклопуваат во околината без да го нарушат целокупниот визуелен баланс. Освен естетскиот аспект, боите имаат и функционална намена, помагајќи им на станарите да се ориентираат во комплексот.

Идните фази на проектот вклучуваат изградба на дополнителни објекти за различни услуги, вклучувајќи училиште, градинка, спортски комплекс, ресторани, продавници и разни други погодности.

Се очекува да биде завршен до крајот на 2024 година

Комплексот во близина на Софија ги задоволува потребите на модерните урбани жители, обезбедувајќи хармоничен и исполнет начин на живот, а истовремено одржува практичен пристап до удобностите на градот, велат архитектите.

Во моментов, оперативна е фаза 1 од проектот, која опфаќа 135 куќи, кои се куќи за едно или две семејства. Во тек е изградба на дополнителни 27 куќи за фаза 1 и 59 куќи за фаза 2, а целиот проект се очекува да биде завршен до крајот на 2024 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top