Овој ровер било планирано да се спушти на јужниот пол на Месечината пред астронаутите. Неколку земји, меѓу кои и Кина се во трка во однос на истражувањето на оваа област со цел во иднина да постават своја лунарна база. Досегашните докази имплицираат дека кратерите околу јужниот пол на Месечината содржат значителни количини мраз. Роверот би требало да го истражи овој мраз и да собере значајни податоци. Токму пронаоѓањето на ресурси ан Месечината е клучен дел на програмата на NASA, наречена Artemis, која има за цел воспоставување на долгорочно присуство на човекот на површината на Месечината. Мразот е многу важен ресурс бидејќи може да се претвори во вода за пиење, но и во ракетно гориво.
NASA под притисок да го „оживее“ лунарниот ровер VIPER
Кратко по одлуката да се откаже од проектот за лунарниот лендер VIPER, поради загриженост за буџетот, американската вселенска агенција NASA, се најде под притисок истиот да го „оживее“ и да го спроведе до крај. Станува збор за напреден ровер познат под името Volatiles Investigating Polar Exploration Rover (VIPER),кој би требало да биде лансиран следната година. Сепак, проектот е откажан иако роверот целосно е завршен и веќе бил во фаза на тестирање. Во развојот на роверот NASA вложила 450 милиони долари, но на крајот одлучила да се откаже поради надминување на буџетот, со што ги загрозила другите планирани мисии. Но, организацијата Planetary Society минатиот месец испратила писмо на Конгресот барајќи поништување на одлуката на NASA.