Насловна / Екологија / НАСА лансираше „ловец“ на CO2

НАСА лансираше „ловец“ на CO2

Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO-2) Launch
На 3 јуни, НАСА ја лансираше орбиталната опсерваторија со име Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO-2). Како што пренесуваат агенциите, сателитот сега е дел од системот A-Train, составен од пет меѓународни сателити за следење на Земјата. Задачата на OCO-2, чија мисија ќе трае најмалку две години, е да пружи детална слика за емисиите на јаглерод диоксид. Исто така, сателитот ќе ги проучува и океаните и шумите, односно ќе ги следи промените кај нив под влијание на различните концентрации на јаглерод диоксид. Секоја секунда  OCO-2 ќе врши по 24 мерења, односно околу милион дневно. Концентрацијата на јаглерод диоксид има клучно влијание врз климатските промени. Во мај на северната хемисфера се измерени највисоките вредности досега.

Испрати коментар

Scroll To Top