Насловна / Вести / NASA ја претставува 3D испринтаната „куќа“ која ќе го симулира животот на астронаутите на Марс

NASA ја претставува 3D испринтаната „куќа“ која ќе го симулира животот на астронаутите на Марс

Четири мали соби, теретана и многу црвен песок – NASA ја претстави куќата во која од јуни ќе престојуваат четворица волонтери подолго од една години со цел симулирање на животот на Марс. Објектот Mars Dune Alpha, е изработен со технологијата на 3D печатење, и се неоѓа во истражувачката установа на Америсканската вселенска агенција во Хјустон во Тексас. Четворицата волонтери кои таму ќе живеат, ќе помогнат во подготовката на идната мисија на Црвената планета. Со мерењето на нивните перформанси и когнитивни способности, NASA подобро ќе ги разбере „ресурсите“ кои мораат да се обезбедат во текот на ова амбициoзно патување.

марс1

марс2

Објектот има површина од 160 метри квадратни, со две бањи, вертикална фарма за одгледување на салати, соба наменета за медицинска грижа, простор за опуштање и неколку работни станици. Воздушната комора води со „надворешна“ реконструкција на околината на Марс – иако сеуште се наоѓа во склоп на хангарот. Неколку парчиња од опремата која астронаутите веројатно би ја користеле, се расфрлани по подот и прекриени се со црвен песок, вклучувајќи и метеоролошка станица, уред за изработка на тули и мал стакленик. Има и лента за трчање, а се симулитра и помала гравитација како на Марс. Научниците редовно ќе ја тестираат реакцијата на екипажот на стресни ситуации, ккао што се ограничен пристап до вода или дефекти на опремата.

марс3

марс4

Тоа е една од технологиите кои NASA ги проучува за потенцијална изградба на живеалишта на други планетарни или лунарни површини. NASA е во раната фаза на подготовките за мисијата на Марс, иако најголемиот фокус сега е на претстојните мисии Artemis, чија цел е луѓето да се вратата на Месечината за прв пат после половина век. č

Испрати коментар

Scroll To Top