Насловна / Архитектура / НАСА и Маркербот ја откриваат базата за Марс

НАСА и Маркербот ја откриваат базата за Марс

1

Во соработка со лабораториите на НАСА, Makerbot го одржаа натпреварот „Предизвик: База на Марс“, конкурс за дизајн на биоштитно живеалиште за соседната планета на Земјата. Предлозите требаше да одговорат на неповолните услови на околината, како што се екстремниот студ, високото ниво на радијација, недостаток на кислород и честите песочни бури. Пријавените проекти беа претставени преку специјалниот сајт помеѓу 30 мај и 12 јуни. Судиите на НАСА JPL и Makerbot, го утврдија победникот на натпреварот за научно физибилити, креативност и печатење. Победничкото решение беше “Queen b”, хексагонален стан со две спални, визуелизиран од Noah Hornberger.

2 3 4

Био-штит куќата на Марс се одликува со целосно функционална кујна, градина, лабораторија за 3D печатење, дневна соба, перална, соба за декомпресија, две бањи и две спални. Со дијаметар од 16 метри, шестоаголникот што се формира ги вклучува овие простории како стандардни компоненти, но нуди флексибилност за изградба на дополнителни простории. “Queen b” се вклопува со агол од 60 степени, за да заштитните составни елементи бидат лесни за изградба, репликација и одржување.

5 6 7

Осиромашениот ураниум се користи во борба против космичкото зрачење, но и заради густината да се спротивстави на кршењето на големи сили. Тоа значи дека материјалот, како и испакнатиот кровен дизајн ја штитат куќата од бури. Ѕидовите дебели по 2,5 стапки (76 cm) служат како изолатор на топлинската енергија, ќе овозможат топла вода да се испумпува низ радијаторите преку подземните комори, кои ќе одржуваат електрично топлење на водата со егзотермичен хемиски реактор, со цел да се загрее базата и да се создаде бариера за длабоко замрзнатата земја.

8 9 10

Подземниот систем за прочистување на воздухот е исто така вклучен за контрола на воздухот и мешавина која циркулира во комплексот. Резервен резервоар со чист кислород, е исто така предвиден, во случај на откажување на опремата или вонредна состојба. Куќата има и градина со растенија кои со своето размножување, би овозможиле замена и намалување на работата на генераторите за заштеда на пареа и соларна енергија.

g1 g3

„Ова е еден повеќеслоен предизвик. Јас се обидов да размислувам низ теоријата на мојот дизајн колку што е можно повеќе и да го докажам тоа со 3D принтан модел. Дизајнирав нешто со кое се чувствувам горд и среќен да живеам таму повеќе години“, изјави Noah Hornberger, создавачот на “Queen b”.

g4 g5

Апартманот беше прогласен за победник од страна на НАСА и Макербот, како најдобро понудено решение за еколошките проблеми на Марс и обидот да се создаде место каде ќе се чувствуваш како дома – дури и кога си 140 милиони милји оддалечен од Земјата.

g6 g7 g8

Испрати коментар

Scroll To Top