Американската вселенска агенција NASA, за прв пат на јавноста го претстави својот нов суперсоничен авион X-59. Млазниот авион, кој е долг околу 30 метри и има распон на крилата од околу 10 метри, претставен е во петокот на локација која и припаѓа на компанијата Lockheed Martin во американската сојузна држава Калифорнија. Авионот е централен дел од проектот на NASA Quesst (Quiet SuperSonic Technology).
Првите пробни летови над избраните региони во САД се планирани за подоцна оваа година. Посебноста на X-59 е во тоа што леталото би постигнувало надзвучна брзина без удари кои настануваат при пробивањето на звучнот ѕид. X-59 е проектиран да лета на височина од околу 16 километри на час со брзина од 1.500 километри на час. Наместо гласниот продорен звук, генерира само звук кој е еднакво силен како при затворање на врата од автомобил. Компанијата Lockheed Martin од NASA добила околу 250 милиони евра за развој на овој авион.
Последен пат, редовни летови со суперсоничен авион се одвивале со легендарниот „Конкорд“, помеѓу Париз, Лондон и Њујорк.