По откритието дека постои вода на Марс, НАСА и America Makes распишаа интернационален натпревар за најиновативен дизајн за живеалиште на Марс. Предложениот дизајн треба да биде изработен со помош на 3Д принт технологијата наменето за во него да би живееле четири луѓе. Победници на натреварот се њујоршките студија SeArch (Space Explortion Architecture) и Slouds AO (Clouds Architecture Office) за нивниот дизајн во форма на игло наречен ,,Ice House” за кој што добија 25 000 фунти награда. Дизајнот се базира на природна светлина во внатрешниот простор каде што телото и умот не само што би живееле, туку и би напреднувале со текот на времето.