Насловна / Вести / НАСА ги избра компаниите кои ќе ги прават лунарните возила

НАСА ги избра компаниите кои ќе ги прават лунарните возила

Три приватни компании – Intuitive Machines, Lunar Outpost и Venturi Astrolab, во иднина ќе ги прават лунарните возила за американската вселенска агенција НАСА. Овие компании се избрани за договор вреден 4,6 милијарди долари. Секоја од нив прво ќе работи на прототип една година пред да се донесе одлука за тоа кое возило, кога и како ќе биде испратено на Месечината. Во иднина, астронаутите ќе ги користат т.н месечеви теренски возила за патување по поввршината на Месечината.

1_96

Прототиповите на возилата, од кои едно ќе биде избрано за производство, мора да ги издржат екстремните услови на Месечината, а големи се и барањата во поглед на напојувањето, автономното возење, комуникација и навигација. Со програмата „Артемис“, НАСА сака повторно да испрати луѓе на Месечината, за прв пат по повеќе од половина век. Долгорочната цел на „Артемис“ е воспоставување на постојана лунарна база како темел за мисиите на Марс. Но, поради проблеми со ракетата и вселенскиот брод, НАСА мораше да ја одложи мисијата „Артемис 2“ со човечки екипаж, која првично беше планирана за крајот на оваа година. Новиот рок е септември 2025 година.

1_97

 

Испрати коментар

Scroll To Top