Нарцисот е повеќегодишно растение од родот Narcissus и фамилијата на луковични растенија, латинско име му е Amaryllidaceae.
Нарцисот има издолжени листови, во сино-зелена боја. Има единечни цветови, иако понекогаш едно стебленце дава два цвета.. Овие цвеќиња успеваат на Алпите, Карпатите и припаѓаат на алпско-медитеранската флора. Се одгледува како украсно растение, но ако не сте знаеле, нарцисот содржи одредени отровни материи, па затоа внимавајте кога го одгледувате.
Нарцис името го добил по Нарцис, син на грчкиот бог Кефис и нимфата Лириопа. Нарцис бил убав млад човек поради кој девојките страдале и често се убивале поради невозвратената љубов. Поради ова, Нарцис бил казнет со тоа што го видел својот лик на површината на езерото и се заљубил во себе. Тој овенал поради таа „љубов“ и на крајот се претворил во цвет.
Нарцисот цвета само од март до мај. Цветовите се во различни бои: бела, жолта, портокалова, а можат да бидат еднобојни или двобојни. Бидејќи имаат благ мирис и се привлечни, се користат во цвеќарството како резано цвеќе. Во вазни се ставаат само нарциси, бидејќи поради отровното дејство, нарцисите можат да бидат фатални ако додадете други цвеќиња во букетот.
Луковицитее од нарцис се садат наесен, така што се ставаат на длабочина двојно поголема од луковицата. Растојанието помеѓу две луковици треба да е околу 10-15 сантиметри. На луковиците им треба многу влага за да ртат и во случај на сушни денови задолжително полевајте ги.