Архитектонското студио Superpozycja Architekci трансформира старо и напуштено поткровје во Полска во модерен апартман за живеење. Архитектите ги искористиле косите тавани за да создадат ефект на двокатен простор, каде што на горниот кат е поставена спалната просторија, а долниот кат претставува отворен дневен простор. Просторот е обоен во бела боја, со што тој изгледа поголем, со акцент ставен на дрвените столбови како контраст.