Со цел удвојување на уделот на енергијата добиена од обновливи извори до 2030 год., Јапонија меѓу другото започна со трансформација и на напуштените голф терени во соларни централи.
Компанијата Kyocera, која е позната по своите пловечки соларни постројки, веќе започна изградба на соларна централа со инсталиран капацитет од 23 MW на некогашниот терен за голф во префектурата Кјото. Отворањето е закажано за оваа година.
Компанијата исто така планира да изгради слична централа но со моќност од 92 MW и во префектурата Кагошима следната година. Овој тренд го следат и САД, каде слични идеи се веќе во проектна фаза во Минесота и други сојузни држави.
Извор: Quartz