Недалеку од границата помеѓу Канада и Алјаска се наоѓа Китсoлт – град на духови. Во 1979. година го основале рудари и набрзо бил преплавен од доселеници, но потоа сите го напуштиле. Денес е најчист нашуштен град на светот.
Градот е формиран покрај рудник за молибден во прекрасна природа и токму кога рударите помислиле дека си ја нашле среќата во оваа планинска лепотица, цената на молибденот почнала да паѓа, па така сите жители, околу 1.200, го напштиле градот.
А биле изградени повеќе од стотина семејни куќи, модерна болница, трговски центар, банки, пошта, базен, библиотека, два центра за рекреација со сауни и театар.
Кабловска телевизија и телефонски линии биле поставени под земја. Градот имал најсовремена постројка за пречистување на вода и најчиста вода за пиење.
Рудникот е затворен од економски причини, а последната фамилија го напуштила градот во 1982. година, бидејќи експлоатацијата на рудата молибден веќе не била исплатлива.
Поради економската криза Китсолт станува град на духови, градот е напуштен, но не и запуштен. Уличните светилки и понатаму работат, тревниците се уредени, а тревата искосена.
Денес градот му припаѓа на американскиот бизнисмен Кришнан Садантиран, кој во 2005. година го купил за седум милиони долари. Вложил повеќе од 25 милиони долари за одржување на градот, каде планира да експлоатира природен гас. Целта му е да го претвори Китсолт во центар на индустрија на природен гас на Британска Колумбија.