Затворањето на овој легендарен хотел е предвидено за 1 март 2017. По овој датум, па во наредните три години, зданието ќе биде реконструирано и претворено во ексклузивни станови.
Ваквите планови веќе подолг период ги најавуваше кинеската компанија Анбанг, која го купи хотелот, обележје на Менхетен, за неверојатни 1,9 милијарди долари. Компанијата не даде прецизни информации за начинот и обемот на реконструкцијата.
Сепак, истакнува дека нема да се менува надворешниот изглед на зградата. Со тоа ќе биде означен крајот на една ера која започна во 1931 година. Валдорф Асторија отсекогаш се сметал за едно од најлуксузните места за престој во Њујорк.