Насловна / Вести / Напредок на Кина во производството на струја од топлинскатa енергија на океанот

Напредок на Кина во производството на струја од топлинскатa енергија на океанот

Кинеските научници и инженери го зваршиле тестирањето на уредот за производство на електрична енергија од топлинската енергија на океанот во Јужното кинеско море. Уредот со моќност од 20kW, кој во најголема мера е развиен од страна на Морскиот геолошки завод Гвангџу, под директна контрола на Кинескиот геолошки зваод, е вратен во Гвангџу после извршените тестирања. При тестирањата, уредот генерирал електрична енергија во времетраење од 4 часа и 47 минути, со максимална излезна моќност од 16,4kW.
thermal1
Овој тест во реални услови, ја потврдил теоретската одржливост на домашниот систем за производство на електрична енергиај од топлинската енергија на океаните, означувајќи клучен чекор на патот на Кина да ја развие оваа технологија. Технологијата се базира нa температурната разлика помеѓу површинската и длабоката морска вода, поради што претставува извор за производство на обновлива енергија.

thermal2

Испрати коментар

Scroll To Top