Модерните системи за водоснабдување се изградени врз основа на концептите на старите иноватори. Во време кога сеуште многу населби немаат чиста вода за пиење, навистина се импресивни решенијата кои биле користени многу векови пред нас.
Nazca Puquios, Перу
Аквиферите биле единствениот извор на вода во текот на целата година во басенот Nazca Перу во седмиот век. Подземните канали обезбедувале постојан доток на вода, со помош на солидно техничко знаење и вештини. Спиралниот дизајн на системот ја користи предноста на локалните ветрови за потискување на подземните води низ системот.
Изгубениот град Mohenjo – Daro, Пакистан
Во периодот од 2600 до 1900 година п.н.е, покрај користото на реката Инд се наоѓал прекрасниот град Mohenjo – Daro. Градот бил една од најглемите рани урбани населби, со градски јавни бањи, како и внатрешна водоводна инсталација кај многу жители. Софистицираниот подземен систем за канализација би врв на тој урбан развој и многу пред своето време.
Завојниот механизам на Архимед
Откриен од страна на Архимед во 3тиот век п.н.е, овој механизам овозможувал подигање на течности со различна вискозност на повисока точка погодна за користење. Овој концепт се смета за претходница на пумпите.
Римските аквадукти
Ниту една листа за историјата на водоснабдителните системи не би била комплетна бел Римските аквадукти. Сеуште пркосејќи му на времето, и после 2000 години тие се импресивни споменици на една империја која обезбедувала чиста вода до секој граѓанин.
Оризовите тераси во Филипини
Стари 2000 години, овие тераси ја прикажуваат ингениозноста на тогашното локално население. Со својата оптимална форма и диспозиција, терасите овозможувале одгледување на ориз, а со своето знаење за ерозијата и геологијата населението го одржувало нивото на водата преку користење на дождовницата.