„Гаспром“ го наполни најголемото српско подземно складиште за гас „Банатски двор“, соопшти прес-службата на српскиот гасен монопол по завршувањето на работната средба меѓу директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер и генералниот директор на државното српско претпријатие за гас „Србијагас“ Душан Бајатовиќ.
Активниот капацитет на „Банатски двор“ изнаесува 450 милиони кубни метри гас.
Според „Гаспром“, „Банатски двор“ ќе се претвори во дополнителен ресурс за обезбедување на потрошувачите во Србија со руски гас, а, исто така, ќе стане гарант за редовноста на руските испораки во Србија, Унгарија и Босна и Херцеговина во текот на зимата.