Насловна / Архитектура / Nanhai Art Center: Нов бран на архитектурата на брегот на Гуангдонг во Кина

Nanhai Art Center: Нов бран на архитектурата на брегот на Гуангдонг во Кина

Архитектонското студио MAD, го презентираше својот најнов проект – Nanhai Art Center, кој ќе биде сместен на брегот на Гуангдонг во Кина. Овој уметнички центар ќе се простира на површина од 121.275 квадратни метри, и ќе биде поделен во три згради кои вклучуваат театар, музеј и спортски центар. Проектиран да асоцира на бранување на водата, Nanhai Art Center ќе се наоѓа во Nanhai културниот округ, клучното урбано место кое ги поврзува градовите Гуангдонг и Фосхан. Покривот на центарот, изработен од бел етилен – тетрафлуороетилен (ETFE) – транспарентна пластика, ќе биде поддржан со столбови кои потсетуваат на стебла и направени се од дрво. Ma Yansong, основачот на MAD, нагласува дека инспирацијата за дизајнот на овој центар потекнува од традиционалното собирање на луѓето, карактеристично за јуќен Гуангдонг, со цел да се пружи простор за современи културни настани.

мад1

мад2

Nanhai Art Center е замислен како културно седиште и „јавна капија“ до брегот, кој ќе им служи на граѓаните. Централната оска на објектот ги дели музејот и театарот, кои заземаат 89.269 квадратни метри, од спортскиот центар со 32.006 квадратни метри. Големиот театар ќе содржи и амфитеатар со 1.500 места, како и повеќенаменска сала со 600 места. Спортскиот центар ќе нуди различни спортски содржини, вклучувајќи базени и терени за кошарка и бадмингтон. Проектот вклучува и комерцијални објекти долж брегот, како и имплементација на соларни панели, системи за собирање на дождовница и вертикални зелени системи. Почетокот на изградбата е планиран за оваа година, а се очекува сите работи да бидат комплетно завршени до 2029 година.

мад3

Испрати коментар

Scroll To Top