Тоа можеби не е можно, но израелскиот визуелен уметник Peddy Mergui направил како тоа би изгледало во рамките на својата изложба Wheat is Wheat is Wheat во Музејот на уметност и дизајн во Сан Франциско.
Тој секојдневните намирници за јадење ги преуредил со луксузни марки. Mergui замислил како намирниците за храна би изгледале кога би ги произведувале и продавале луксузни брендови – кафе од Cartier, jaјца од Versace, млеко за деца од Chanel или ориз од марката HSBC.
Оваа изложба не е наменета само заради уметноста.
Со користењето на хумор, Mergui се обидува да го привлече вниманието за тежината на работата на еден дизајнер, кој има за задача промовирање на еден производ, само со помош на пакување, а сепак да се држи до своите верувања и конвенционалните граници. Јајцата од марката Versace остануваат и натаму само јајца, и никакво брендирање и пакување нема ги претвори во поинаков луксузен предмет.