Gateira е населба сместена на прекрасен рид посаден со лозја, борови и маслинови дрвја со прекрасни погледи над јужниот врв на Serra da Estrela, највисока точка на копно во Португалија.
Инвеститори се британски пар кој посакал втор дом, каде ќе добијат отворен простор и тишина за разлика од нивниот живот во Лондон. Првото прашање кое си го поставиле архитектите од проектантското биро Camarim е како да се проектира на таква драматична сцена со невообичаена рамнотежа помеѓу природата, земјоделството и традиционалната архитектура? Се определиле за стратегија да се мешаат што е можно помалку.
Да се влегува во куќата во горниот дел, преку ѕид што ги евоцира традиционалните објекти во регионот и да се спушта до јадрото на куќата, социјален простор поделен на две нивоа. Од овој простор, волуменот на куќата се распростира и се протега по топографијата на теренот со суптилна, но ефикасна поделба меѓу социјалниот и интимниот дел за живеење. Секој простор се наоѓа на различно ниво и има директен пристап надвор. Архитектите велат дека наместо куќа во пејзажот помисливме на куќа од пејзажот.
Интнзивниот контакт со земјата на куќата и дава огромни енергетски придобивки. Со користење на топлинската маса на Земјата се балансираат топлинските амплитуди во текот на денот и годишните времиња.
Внатрешниот двор помеѓу дневната соба и главната спална соба е исто така пасивен термички уред, создава топлинска разлика помеѓу базенот и дворот, кој генерира проток на воздух низ куќата за ладење во пролет и лето и овозможува интензивна изолација на најоддалечените точка во куќата во есен и зима.