Насловна / Вести / Намалувањето на емисиите на стакленички гасови во секторот сообраќај, еден од најголемите предизвици за климатски неутрала Европа

Намалувањето на емисиите на стакленички гасови во секторот сообраќај, еден од најголемите предизвици за климатски неутрала Европа

Европската унија во јуни минатата година го усвои Законот за клима, според кој до 2050 година Европа треба да стане климатски неутрална, а до крајот на оваа деценија да ги намали емисиите на стакленички гасови за 55%.  Овие емисии во ЕУ се намалиле за 32% од 1990 до 2020 година, а посебно во 2020 година е регистриран значителен пад поради пандемијата. Се очекува резултатите за 2021 година да покажат повторно зголемување на нивото на емисии.

transport1

Податоците од Европската агенција за животна средина (EEA), објавени од страна на Eurostat, покажуваат дека емисиите на стакленички гасови се намлуваат во повеќето сектори, освен во сообраќајот, вклучувајќи го и меѓународниот авионски сообраќај. Овој сектор забележува раст на емисиите за 50 милиони тони CO2eq, односно за 7% во 2020, споредено со 1990 година.

transport2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top