Вкупно 232 одобренија за градење се издадени во август, што е за 6,8 проценти помалку во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектите изнесува 3.182.494.000 денари, или за 23 проценти повеќе споредено со август минатата година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 154 (66,4 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 20 (8,6 отсто) за нискоградба и 58 (25 отсто) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 232 објекти, кај 161 (69,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 71 (30,6 отсто) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45.011 метри квадратни.