Насловна / Архитектура / Најзелениот станбен комплекс во Белгија

Најзелениот станбен комплекс во Белгија

Архитектот Стефано Боери кој се прослави со познатата зграда Bosco Verticale во Милан, која има собрано многу награди благодарение на зелената фасада, сега го претстави проектот за одржлив станбен блок во Антверпен. Овој иновативен објект наречен Palazzo Verde е заснован на формирање на полујавни градини на приземјето и три големи кровни тераси со градини кои ќе ги красат 86 дрвја и 2.200 повеќегодишни ѓбунести растенија кои ќе бидат распространети на 429 квадратни метри.

Palazzo-Verde-naslovna

 

Проектот Palazzo Verde е направен со цел да допринесе во борбата против загадувањето на воздухот, имајќи во предвид дека овој блок годишно ќе може да апсорбира 5,5 тони јаглен диоксид.

Palazzo-Verde-01-782x559

 

“Сметаме дека е многу важно делот New Zuid да има нова зелена точка, било да е тоа во форма на двор или кровна градина, но со доволно количина на стебла и жбунести растенија кои на градот ќе му го враќаат кислородот. Задоволни сме од нашиот прокт во Белгија, кој покажува дека и мали станбени објекти може на своите станари да им понудат квалитет во форма на зелени простори за друштвени активности“, вели Стефано Боери.  

Palazzo-Verde-02-782x441

Зградата Palazzo Verde е во форма на буквата L. Од дворот преку широки стази се пристапува до заедничкиот дел каде станарите може да организираат дружење, но и да си ги поправаат велосипедите кои се омилено превозно средство во Белгија.

Palazzo-Verde-03-782x488

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top