Насловна / Вести / „Најзелен“ трговски центар во светот

„Најзелен“ трговски центар во светот

Познато е дека швеѓаните се многу посветени на заштита на животната средина. Доказ за тоа е и трговскиот центар кој е отворен уште во 2015 година. Тоа не е обичен трговски центар, туку тој е специјализиран само за рециклирана  и поправена стока. Трговскиот центар ReTuna ги отвори своите врати за јавноста  уште во август 2015 година, и се наоѓа пред големиот центар за рециклажа во Шведска во градот Ескилстуна.  На тој начин посетителите можат лесно да го донесат својот отпад и да го сортираат, а потоа се што може повторно да се искористи како играчки, мебел, облека, електронски уреди и други предмети можат да се однесат во депото на трговскиот центар каде вработените ги избираат работите кои се потребни и ги испраќаат до сопствениците на дуќаните. потоа, тие одлучуваат што ќе се поправи или препрви и на крајот се продаваат. Така, сите предмети и материјали добиваат продолжен животен век, се промовира штедливост и умереност во потрошувачката, и секако се заработуваат пари.

Доказ дека овој бизнис модел навистина функционира е фактот дека трговскиот центар ReTuna во 2016 година заработил  7,74 милиони евра од продажба на рециклирана стока. Трговскиот центар има и своја едукативна функција.  ReTuna организира разни настани како работилници, предавања, тематски денови и сл., кои во фокусот ја имаат одржливоста. Сите овие настани се одржуваат во конференциските сали кои ги има објектот. Постои и ресторан кој нуди органски јадења.

ReTuna1

ReTuna2

ReTuna3

ReTuna4

ReTuna5

ReTuna6

Испрати коментар

Scroll To Top