Шкотскиот остров Ег, веројатно е еден од најзелените во светот, и тоа не само поради недопрената природа. Островот што се наоѓа во близина на северозападниот брег на Шкотска, спроведува низа одржливи стратегии и во зависност од временските услови, просечно обезбедува околу 90% од потребната енергија од обновливи извори.
Жителите на островот соочени со ограничувањата во потрошувачката и високата цена, решиле рационално да ја трошат електричната енергија, а во исто време да се грижат и за одржливоста во нејзиното производство. Во 1997 година тие го откупиле целото земјиште од тогашните сопственици. Со тоа, Ег е единствен остров на светот кој е во сопственост на своите жители. Сопственоста е огромна предност, бидејќи жителите на островот сами одлучуваат дали и каде ќе постават соларни модули, ветерни турбини и други обновливи енергетски извори.
Извор: Inhabitat