ГрадотVӓxjӧ, во јужниот дел на Шведска, значително се потпира на обновливите извори на енергија, има одржливи решенија во сообраќајот и рационалност во потрошувачката на енергија, па заради тоа го нарекуваат најзелен град во Европа. Претставниците на локалната власт, уште во шеесетите години од минатиот век, со низа амбициозни проекти почнале да го развиваат овој концепт. Во деведесеттите години, градското собрание го усвои планот за целосно исфрлање на употребата на фосилни горива до 2030 година.
Локалните фармери добиваат субвенции за производство на органска храна, а граѓаните исклучително се трудат да го намалат производството на хартија. Над 90% од населението се грее на биомаса. Единствениот предизвик со кој засега се соочува овој град со околу 60.000 жители е сообраќајот. Околу 60% од населението вози автомобил, и тоа е една од навиките за која градските власти се свесни дека тешко ќе ја сменат во догледно време.