Насловна / Арт и дизајн / Највлијателните проекти кои го пренесуваат духот на францускиот дизајн

Највлијателните проекти кои го пренесуваат духот на францускиот дизајн

Креативноста не познава граници, културните разлики можат само да ги збогатат креативните потфати, а светот може да биде здружен преку добар дизајн.

1 (4)

“Францускиот дух се заснова на строгост и критичко размислување“, објаснува Филип Старк, креатор и почесен гостин на фестивалот во Франција. Го цениме квалитетот, вистината и креативноста.

1 (3)

Под водство на Ерве Лемоан, директор на Mobilier National и меѓународното жири за дизајн кое доаѓа од престижни културни институции како што е музејот во Лондон, Купер Хјуит, музеј за дизајн Смитсонијан во Њујорк, музејот за архитектура и дизајн во Лос Анџелес, разгледаа стотици апликации за да ги одберат оние што го прават францускиот дизајн издвоен во светот. Избраните 100 предмети и проекти за внатрешен дизајн го истакнуваат она што организаторите го сметаат за белег на францускиот дизајн: уметност на живеење, креативност, елеганција и допир на луксуз, одржливи иновации, смелост, знаење, рамнотежа, наследство и културна отвореност.

1 (1)

За да се илустрираат локациите на проектите, создадена е специјална дигитална алатка – Le French Design World Map – со проектен филтер што го нагласува досегот и влијанието на францускиот дизајн низ целиот свет.

1 (2)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top