Селото Ушгули во Грузија, се наоѓа на надморска височина од 2191 метар и сè уште е активно. Скриено во прекрасните планински предели во Кавкаскиот регион, го одзема здивот на бројните туристи. Инаку, селото изгледа доста запуштено, што воопшто не треба да изненадува со оглед на неговата оддалеченост од светот.
Тука владее стариот грузиски традиционален начин на живот. Во Ушгули живеат околу 200 жители. Има училиште и црквичка стара над 1000 години. Дел од објектите во селото се под заштита на УНЕСКО.
Видео: