Насловна / Архитектура / Највисоките згради во земјите од поранешна Југославија

Највисоките згради во земјите од поранешна Југославија

Апсолутен рекордер кај земјите од поранешна Југославија е највисоката зграда во Босна и Херцеговина која има 172 метри. Станува збор за Avaz Twist Tower во Сараево, седиште на новинско-издавачката куќа Avaz. Сместенa е во деловниот кварт на градот и претставува туристичка атракција. Самата зграда има 142 метри, но дополнителната височина ја добива од инсталираната антена на врвот.

avaz1

Следува највисоката зграда во Србија – Ušće Tower во Белград. Облакодерот со височина од 141 метар, се наоѓа во Нов Белград и има прекрасен поглед на Сава и Дунав. Објектот е оригинално изграден во 1964 година, бил висок 105 метри, а во него се наоѓал централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. Зградата е оштетена во 1999 година за време на НАТО бомбардирањата, а во текот на обновата додадени се два ката со што достигнува височина од 115 метри. Заедно со антената, објектот е висок 141 метар. Покрај овој објект, минатата година е завршена и неколку метри пониската Ušće Tower 2, во која се сместени главно деловни простори.

usce1

Највисоките згради во Македонија се 138 метри високите облакодери  Sky City Towers или т.н Cevahir облакодери кои имаат по 42 ката резиденцијален простор.

dzevahir

Загребската катедрала е највисоката зграда во Хрватска, со 105 метри. Оваа зграда во неоготички стил е долга 77 метри, а широка е 45 метри. Северната кула се издига на 104 метри, а јужната на 105 метри. Може истовремено да прими 5.000 луѓе.

zagrebkatedrala

Кристалната палата во Љубљана е највисоката зграда во Словенија. Станува збор за деловен центар со височина од 89 метри. Има 20 ката и изградена е во 2011 година.

kristalna palaca

Највисоката зграда во Косово е кулата Rilindja, исто така со 89 метри и 19 ката. Зградата е завршена во 1980 година, а во неа денес се наоѓаат и неколку министерства. Но, кога ќе се изгради деловно-резиденцијалниот комплекс ENK со кула од 165 метри во Приштина, тоа ќе биде највисоката зграда во Косово.

rilindja

Во Црна Гора, највисоките згради се облакодерите во Подгорица високи 65 метри. Имаат секој по 18 ката, а изградени се во 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top