Највисокиот тунел во светот се наоѓа на Тибет на надморска височина од 4750 метри.
Двонасочниот тунел е долг околу 5,7 километри и е дел од автопатот долг 400 километри што го поврзува регионалниот главен град Ласа со градот Нингци во југоисточен Тибет.
Изградбата на тунелот започнала во 2015 година, а со неговото завршување во 2019 година патот кој ја заобиколувал планината Мила е скратен за 12,3 километри.
Gong Bin, извршниот директор на Mila Mountain Tunnel изјавил дека во текот на изградбата се постигнати повеќе од 10 технолошки резултати, како што е подобрување на прецизноста на прегледот на планинските тунели при екстремно студени временски услови и на големи надморски височини.
Покрај студот и недостатокот на кислород, повеќе од 2.000 градежни работници се соочиле со бројни други предизвици, како што е превоз на градежен материјал и други потребштини за градилиштето.
„Работевме тука повеќе од четири години и живеевме во импровизирана населба на влезот во тунелот“, изјавил Xu Young, раководител на градилиштето.
Овој автопат е важна сообраќајна рута за источниот дел на Тибет, што може да помогне да се поттикне туризмот, индустрискиот развој и да подигне за квалитетот на животот на локалното население.