Архитектонската фирма Elenberg Fraser Architects неодамна го претстави проектот Victoria One, облакодер со висина од 241 метри, што треба да биде највисоката станбена кула во Мелбун.
Дизајнирана за да се евоцира „ботаничко чувство“, 75-катната зграда е покриена со зелена стаклена фасада со метални ребра кои се протегаат по страните. Завршувањето на изградбата на облакодерот е најавено за 2018 година и се очекува да стане еден од највпечатливите згради во градот.
Формата на облакодерот е инспирирана од познатите пејзажи на овој дел на Австралија со фасада којашто потсетува на разновидниот терен на јужноавстралијската држава (Викторија) – од прашуми и водопади до океански плажи.
Станбената кула Victoria One ќе се состои од околу 629 станбени единици, секоја со прозорци со висина од подот до таванот, модерен мебел, зимска градина, и задушена зелена палета на бои. Станарите, исто така, ќе имаат пристап до три ката на заедничките области, вклучувајќи и базен, спа, фитнес, салони и клуб.