Насловна / Архитектура / Највисокиот облакодер во Африка

Највисокиот облакодер во Африка

al-noor-tower-middle-east-development-11
Со 540 метри висина, кулата Al Noor ќе биде највисокиот облакодер во Африка, а неговата изградба е најавена за почетокот на следната година. Архитектот Denis Valode од архитектонското биро Valode & Pistre го проектира мароканскиот облакодер за компанијата Middle East Development, која ја води шеикот Tarek Binladen.

al-noor-tower-middle-east-development-1

Облакодерот ќе биде сместен во најголемиот град на Мароко, Казабланка, и ќе претставува капија од Европа кон Африка, а воедно ќе ги претставува сите африкански народи. Со својата висина тој ќе го остави зад себе, досега највисокиот облакодер во Африка, во Јоханесбург, висок 223 метра.

al-noor-tower-middle-east-development-5

Висок 540 метри, со 114 катови кои всушност го претставуваат бројот на поглавја во Куранот, надворешно облакодерот ќе биде покриен со шаблони кои ги претставуваат 1.000 јазици во Африка. Облакодерот ќе содржи луксузен хотел со 7 ѕвезди, административен центар, конференциска сала, луксузна шопинг-зона, ресторани и уште многу други содржини.

al-noor-tower-middle-east-development-3

На врвот од облакодерот ќе се наоѓа дијамант. Облакодерот има форма на мастилно перце, а таа форма произлегува симболично, како средство кое шеикот го користи за дизајнирање на своето царство, објаснуваат од проектантското биро, додека „окото“ претставува негова визија за иднината. Проценувајќи го на неколку милијарда долари, облакодерот би требало да биде готов до 2018 година.

al-noor-tower-middle-east-development-10

Испрати коментар

Scroll To Top